Неда Украден пишува книга додека е во изолација

Српската пејачка Неда Украден додека го поминува времето дома во изолација, поради коронавирусот, почна да пишува книга. Дневникот кој вели дека планира да го објави го носи името „Живот во изолација“.

Во време на пандемија Украден ја почитува наредбата за граѓаните над 65 години да не ги напуштаат своите дмови и времето го поминува сама. Неда вели дека на тој начин се заштитува себе си, ќерката, зетот и внуката.

Пејачката вели дека самоизолацијата ја свртела во своја корист. Таа почнала да пишува дневник.

„Малку ми е тешко да се организирам во новиот простор, сеуште не знам каде се наоѓаат некои работи, но ќе се снајдам. И ова е начин да го скратам времето. Ќе пишувам дневник. Можеби ќе го објавам еден ден“, изјавила Неда за српските медиуми.

Неда вели дека не се плаши од коронавирусот.

„Патував многу, но не во тие ризични подрачја. Досега откажав десет концерти. Организаторите ми се јавуваат, сега само со тоа се занимавам. Не се плашам од ништо. Од 1992 година во Сараево останав без ништо, родителите ми останаа без пензија, болни, детето ми одеше во основно школо. Важна ми е само позитивната енергија“, вели Украден.

Пејачката вели дека коронавирусот не го гледа како закана од која ќе умре и дека е прилично дисциплинирана како да се заштити.

„Не излегувам и набавив сè што ми е потребно. Не купував многу брашно и шеќер, само малку маслиново масло. Јас здраво се хранам. Јадам салати и риби“, вели Неда.

„Не ми се допаѓа паниката која се создава и претерувањето со купување во продавниците. Важно е да се организира помош за најсиромашните и најстарите“, вели Неда, која додека е во изолација вели дека и недостасуваат внуците.

 

 

 

Scroll to Top