Нивес живее со поранешниот маж

Хрватската старлета Нивес Целзиус живее под ист кров со поранешниот сопруг, фудбалерот Дино Дрпиќ, со кого се разведе пред 4 години. Во интервју за порталот „24 сата“ таа откри дека живеат во иста куќа, но во различен стан.

„Тоа не е ништо страшно. Едноставно, им овозможивме на децата да поминуваат повеќе време со двајцата родители, да бидат со кого сакаат во одреден момент. Има денови кога поради обврски не се ни сретнуваме со Дино“, рекла таа во интервјуто. „Дино оди на пазарење, одам и јас, си помагаме. Тој мене околу машките работи, ако треба нешто тешко да се носи. Тука е да смени светилка, а јас нему му ги перам алиштата, го пеглам“, додала таа.

Иако се согласуваат одлично, не размислуваат да се смират.

„Работите би биле исти како кога бевме во брак, а тоа не го сакаме ни тој ни јас. Јас не носам никого во станот, немам кого да донеам, немам момче. А и да имам, не би го донела пред нашите деца. За Дино не знам, но мислам дека и тој има слично мислење за некои работи“, изјавила Нивес.

 

Scroll to Top