Обвинение за силување против професорот по глума Мика Алексиќ и продолжен притвор

Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против професорот по глума Мирослав (Мика) Алексиќ, пренесуваат српските медиуми.

Обвинението се однесува на неколку кривични дела, и тоа: две продолжени кривични дела силување, две кривични дела силување и пет кривични дела недозволени полови дејства, кои се на штета на седум оштетени.

Уапсен српскиот учител по глума Мика Алексиќ кој силувал ученички од неговата школа

Обвинителството бара и да се продолжи неговиот притвор за што треба да одлучи Вишиот суд во Белград. Поради заштита на приватноста на учесниците во постапката, предложено е јавноста да биде исклучена во текот на главниот претрес, информираат српските медиуми.

Познатиот професор по глума, Алексиќ, беше посочен како силувач од страна на негови ученички актерки, а прва јавно проговори Милена Радуловиќ.

 

Scroll to Top