Онур и Шехерезад станаа родители

Турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч повторно станаа родители. Глумицата родила машко дете, што ќе се вика Хан, пишуваат турските медиуми. Ова е втор син на популарната актерска двојка, која веќе го има 9-годишниот син Али.

За потсетување, публиката ги запозна Корел и Ергенч како Шехерезад и Онур од популарната турска серија „1001 ноќ“. Тие во серијата глумеа пар, а потоа се вљубија и во реалниот живот. Двајцата глумеа во многу турски серии, меѓу кои и „Величествениот“, во кој Ергенч ја играше главната улога на султанот Сулејман Величествениот.

Scroll to Top