Освен да ги соблекуваат голи, режисерите во СФРЈ не знаеја што да прават со глумиците

By

Легендарната глумица Мира Фурлан, која почина на 66 години, неодамна повторно беше актуелна во поранешна Југославија кога еден од нејзините најпознати филмови, „Убавината на порокот“ (Lepota poroka), доживеа реставрација и се прикажуваше во рамките на проектот „Вип кинотека“ во Белград. Тогаш славната актерка во разговор за „Данас“ зборуваше за снимањето на филмот, за голотијата, но и за случувањата што ја прекинаа нејзината кариера во СФРЈ поради што таа се пресели во Америка.

„Убавината на порокот“ го прикажуваа сексуалното ослободување на една жена од внатрешноста на Црна Гора откога ќе замине да работи во нудистички камп. Филмот е полн со сцени со голотија, а има и секс во тројка.

„Нашите режисери не знаеја што да прават со глумиците, освен да ги соблечат голи. Не сум сигурна дали некој ја забележа разликата меѓу вообичаеното, беспричинско, воајерско и простачко сексуализирање на жената во нашиот филм од обидот на режисерот Живко Николиќ во овој филм да проговори од позиција на жената како аутсајдер во општеството“, рече тогаш Фурлан, која неколкупати се има разголено во култни југословенски филмови.

Фурлан вели дека дури кога наполнила 50 години, согледала колку родителите либерално ја воспитувале, со оглед на тоа дека уште во нејзината рана младост се сметала за еднаква со мажите и не ја допирале навредите и сексизмот. Актерката во интервјуто рече и дека сексуалното вознемирување во Југославија било секојдневие.

„Сексуалното вознемирување беше во духот што го дишевме, нешто што мораш да го сфатиш како факт со кој живееш, инаку не можеше да се опстане. Главно правевме сѐ за да ги спасиме мажите од нивното сопствено самопонижување“, додала таа.

За потсетување, познатата театарска и филмска глумица починала на 20 јануари, а веста за нејзината смрт беше објавена денес на нејзиниот профил на „Твитер“.

На 66 години почина легендарната актерка Мира Фурлан

Ќе ви се допадне

Watch My Hero Academia Episode 7 (https://animeheaven.pro/m/nml/ep-7) at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven site

Yashahime: Princess Half-Demon (https://funimationfree.com/m/ONRD) Episode 15 at website https://funimationfree.com. See more funimation studios