„Плачев од немоќ“, Милица Тодоровиќ за искуството со короната

Пејачката Милица Тодоровиќ по три недели тежок период во кој се бореше со опасниот короанвирус, на крајот успеа да се излечи. Таа вели дека 20 дена имала висока температура која не можела никако да ја симне. Земала лекови кои не ѝ помогнале многу.

Сега кога конечно оздраве, Милица проговори дека конечно може да се смири, дека повеќе не е уплашена. Таа призна дека често плачела и дека најтешко ѝ било кога гледала како голем број луѓе кои биле заразени како неа доаѓале  во болницата во тешка состојба.

„Бев изнемоштена и добив висока температура која не успеав да ја симнам неколку дена. Потоа имав ужасна главоболка. Сега сум многу подобро и физички и психички. Кога не знаев дека имам корона, постојано бев во страв поради луѓето кои беа со мене. Сега сум среќна што сум здрава и што најлошото заврши. Ќе продолжам да водам грижа за моето здравје. Ќе носам маска кога ќе излезам надвор и ќе ја почитувам мерката на држење социјално растојание.

Милица вели дека не знае каде се заразила со Ковид-19. Вели дека била во посета на Крушевац месец дена и дека тогаш немала никакви симптоми. Потоа се вратила во Белград каде што имала неколку настапи.

„Мислам дека никој не знае како го добил овој вирус. И јас не знам каде го имам собрано, ниту, пак, кој ми го пренел. Очигледно дека не сме се чувале добро“, вели Милица.

Пејачката открива дека тешко ѝ паднало кога дознала дека и нејзината мајка Јасмина се заразила со Ковид-19. Милица вели дека тие две и нејзината колешка и голема пријателка Славица Чукетраш си биле најголема поддршка една на друга низ целиот овој тежок период.

 

Scroll to Top