По 30 години, ќе се снима продолжние на „Жикина династија“

Култниот филмски серијал „Луди години“, кој е попознат како „Жикина династија“, ќе добие продолжение по речиси 30 години. Тоа ќе биде 11. филм од франшизата, а ќе се вика „Луда година“. Во филмот повторно ќе глуми Никола Којо, кој ја играше улогата на внукот на Жика, Миша.

Миша, според сценариото, сега е татко на две момчиња, од кои едното е на почетокот на тинејџерските години. Сценариото го напиша Милена Марковиќ, а режисер е Милан Коњевиќ.

„Проектот ‘Луда година’ е продолжение, но и еден вид рестартирање на филмската франшиза ‘Жикина династија’, кој има култен статус кај домашната публика. Хуморот е суптилен и доаѓа од ликовите и од необичните и неочекувани ситуации во кои се наоѓаат“, велат од Филмскиот центар на Србија.

Филмската серија „Луди години“ почна да се снима 1977 година со филм со истото име. Потоа следуваа „Дојде време љубов да се проба“ (1980), „Љуби, љуби, но главата не губи ја“ (1981), „Каков дедо, таков внук“ (1983), „Иди ми, дојди ми“ (1983), „Што се случува кога се раѓа љубовта“ (1984), „Жикина династија“ (1985), „Втора Жикина династија“ (1986), „Луди години“ (1988) и „Бракот на Жика“ (1992).

Иако секој филм има свое име, целата серија е попозната како „Жикина династија“ поради најпопуларниот лик кај публиката – Жика Павловиќ, кого го играше Драгомир Бојаниќ – Гидра.

„Иако поминаа речиси 30 години од претходниот филм од франшизата, благодарение на честите репризи на ТВ, како и достапноста на ‘Јутјуб’, таа е позната и кај денешната публика, дури и затоа очекуваме овој филм да предизвика голем интерес“, стои во соопштението.

Филмот ќе почне да се снима в година.

Scroll to Top