По Дуа Липа, и Рита Ора промовира независно Косово

Откако британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, објави на социјалните мрежи карта од голема Албанија, по ист терк се огласи и нејзината колешка Рита Ора.

Таа ја објави истата фотографија барајќи од добро познати моќни компании да го стават Косово на мапата на независни држави.

„Би сакала да видам компанија што ќе застане зад нас и на своите мапи ќе го обележи независно Косово. Албанија и Косово се полни со млади, талентирани и добри луѓе. Јас сум горда што сум дел од тоа друштво. Ви испраќам љубов, радост и солидарност заедно со своите колешки Дуа Липа, Бебе Реџа, Авом Макс, Ера Истрефи и Дафина Зекири“, напиша таа на фотографијата.

Дваесет и деветгодишната Рита Ора е родена во Пришина во 1990 година, но додека била бебе, нејзините родители емигрирале во Лондон поради политичките несогласувања и војната во поранешна Југославија.

 

Scroll to Top