Почина пејачот Срѓан Гајиќ од „Ѕвездите на Гранд“

Пејачот Срѓан Гајиќ, кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, почина денеска. Српските медиуми пишуваат дека причината за смртта на 28-годишниот пејач е најверојатно корона, но дека тоа засега не е потврдено.

Неговите колеги со неверување ја прифатија веста за смртта. Од пејачот, прва се прости уште една ѕвезда на „Гранд“, пејачката Јелена Гербец. Тие неодамна заедно пееле на роденденска забава.

„Сочувство до семејството, не можам да поверувам. Премногу млад“, напиша таа.

Од Гајиќ се прости и Слоба Радовановиќ.

„Уште една трагедија. Почивај во мир колега“, напиша тој.

Scroll to Top