Српскиот глумец Десимир Станојевиќ, кого публиката го запозна со улогата на Вукашин Голубовиќ во серијата „Среќни луѓе“, почина утрово во Белград.
Странојевиќ е роден на 7 октомври 1950 година во Ниш.
Од 1970 до 1990 година глумеше во Народниот театар на Ниш. Во родниот град го основаше и младинскиот театар „Трета половина“. Тој е заслужен и за поставувањето на првиот мјузикл во нишкиот театар „Виолинист на покривот“. Го режираше и мјузиклот „Циганите летаат на небо“, исто така во нишкиот театар. Од 1991 година, Станојевиќ глумеше во театарот „Теразије“ во Белград.