Почина Радомир Антиќ

Легендарниот српски тренер Радомир Антиќ почина вчера по долго боледување од панкреатитис. Тој веќе долго време имал проблеми со панкреасот и црниот дроб. Трагичната вест први ја објавија од клубот Атлетико Мадрид, со кого Антиќ ја освои титулата во Шпанија.

Антиќ беше единствениот тренер кој ги водеше трите шпански гиганти, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона.

„Семејството на Атлетико Мадрид жали по смртта на еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Тој секогаш ќе биде во нашите срца. Почивај во мир“, напишаа од Атлетико.

Антиќ како фудбалер играше во Партизан, Фенербахче и Сарагоса, а во својата богата тренерска кариера работеше и со Сарагоса, Овиедо, Селта, српската репрезентација и кинеските Шандонг Луненг и Хебеи Чајна Фортјун. Тој беше болен подолго време и последните денови од животот ги помина во болница.

Од тренерот на социјалните мрежи се простија неговите поранешни клубови Атлетико, Реал и Барселона, многу шпански фудбалери меѓу кои Икер Касилјас и Серхио Рамос, репрезентативците на Србија кои под команда на Антиќ играа на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година, челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија, фудбалските клубови Партизан и Црвена звезда…

 

View this post on Instagram

 

#LaPortada Radomir, te quiero ❤

A post shared by MARCA (@marca) on

Scroll to Top