Положена урната на Исидора Бјелица на Новите гробишта во Белград

Денеска беше положена урната на писателката Исидора Бјелица на Новите гробишта во Белград. Урната беше положена во 10 и 30 часот во Алејата на заслужни граѓани.
Исидора долго време се бореше со тешката болест. Таа почина на 5 август. Авторка е на повеќе од 40 книги посветени на различни генерации. Освен тоа има напишано и повеќе театарски претстави и радио драми.
Зад себе го остави сопругот Небојша Пајкиќ и нивните две деца, синот Лав Пајкиќ и ќерката Вила Евангелија.

 

Scroll to Top