Пораката на Нина Бадриќ со која се прости од Самарџиќ ги расплака многумина

„Еден од најдобрите луѓе кои имав чест да ги запознам!“, напиша меѓу останатото Нина во својата емотивна објава. 
Нина Бадриќ на социјалните мрежи објави срцекршачка порака и фотографија со која се прости од легендарниот актер Љубиша Самарџиќ, чија смрт го растажи регионот.„Еден од најдобрите луѓе кои имав чест да ги запознаам. Секое лето во омилениот за нас Дубровник се среќававме и разговаравме за животот, љубовта, односите. Беше мој гостин на првиот концерт во Сава центарот во Белград. Кога го здогледав во публиката бев пресреќна, а целата сала легендарниот Самарџиќ го поздрави со огромен аплауз.

„Бевте голем господин, прекрасна едноставна и скромна душа… Незаменлив. Почивајте во мир Божји… да ве чуваат анѓелите“, напиша Нина на заедничката фотографија со Љубиша и неговата сопруга.

Да се потсетиме, Љубиша Самарџиќ почниа на 8 септември во Белград, по долга и тешка болест. Животот на легендарниот Самарџиќ згасна на 81 годишна возраст.

Scroll to Top