„Провери си го видот“, Неда Украден одговори на навредите дека ставила силикони

Пејачката Неда Украден по објавените последни фотографии на социјалните мрежи, доби критики од нејзините фанови дека ставила силикони. Една нејзина следбеничка, на фотографија на која Неда е во косум за капење, ја обвини пејачката дека направила хируршка интеревенција.

„Провери си го видот. Паметот не можеш“, кратко и одговорила Неда.

Пејачката во моментов е на одмор на Шолта, а претходно и на Макарска. Иако е на прагот на седумдесеттите, таа често добива комплименти за изгледот од своите фанови.

 

Неодамна ги изненади сите кога призна дека била заљубена. Засега не откри за кого станува збор, а во едно интервју призна дека многу нешта во животот ги направила заради љубов.

 

Scroll to Top