Рада тврди дека со црна магија ѝ ја уништиле врската со Харис

Српската пејачка Рада Манојловиќ неодамна раскина со долгогодишното момче Харис Берковиќ. Таа тврди дека злобници ја урочиле и дека ѝ направиле црна магија. Медиумите пишуваа дека Рада доживеала нервен слом кога го фатила Харис како ја измамува.

„Кај нас во источна Србија сè е со магии. Многупати сме наоѓале свеќи надвор, заврзани со црвен конец, закачени горе и свртни наопаку, да горат и привлекуваат кон тој свет. Но, тоа не може да влијае на нас, туку се враќа кај нив,“ рела Рада во интервју за „Ало“.

Нејзин пријател, пак, рекол дека Рада се сомнева дека некој ја урочил и дека затоа не е среќна во љубовта.

„Таа беше очајна кога ги виде фотографиите од креветот со друга девојка. Се чуди зошто не може да најде момче со кого ќе има стабилна врска. Сите нејзини пријателки се омажиле, но и на етрадата е една од ретките кои се без сопруг. Таа е свесна за љубомората меѓу нејзините колешки и претходно се сомневаше дека некој ѝ прави црна магија, но сега е убедена во тоа“, додал нејзиниот пријател за српските таблоиди.

Scroll to Top