Сандра Решиќ: Среќна сум што сум жива!

Ќерката на Нино Решиќ, Сандра, вели дека се чувствува добро по сообраќајната несреќа и не крие дека е среќна што не се случило нешто посериозно.

Сандра синоќа имала тешка незгода кога непознат маж со полна брзина се обидел да удри во неа, а таа со цел да го избегне ударот, завршила во еден од рабниците.

Ќерката на Нино се огласила првпат по незгодата.

Како што вели, целиот настан се случил во неколку секунди.

„Возев кон Пожаревац. Одев на снимање на една емисија. Девојката пред мене возеше бавно. Јас погледнав лево и во двата ретровизора и забележав дека нема никој. Помислив дека е подобро да ја заобиколам полека, а во моментот кога свртев, тој се појави зад мене и за секунда можеше да се случи катастрофа. Тој веројатно возеше над 170-180 километри на час затоа што само така можеше да ме стигне толку бргу“, раскажува Сандра за медиумите.

„Не ни стигнав да влезам во левата лента, тој веќе беше тука. Бргу се вратив на својата лента, но девојката пред мене почна да запира, па почнав и јас. Таа запираше возејќи 70 километри на час, а јас возејќи 100 километри на час. Го повредив рамото и ја удрив главата. Среќна сум што сè заврши вака, што извлеков жива глава. Тоа што тој продолжи да вози само потврдува дека не ни видел што се случило. Сакам да возам брзо и возам машки, но не во зоните каде што е пропишано да се вози со 30 километри на час. Под еден, апелирам за врзување на појасите, а под два, каде ќе одите со 180 километри на час? Кому сакате да му докажете нешто?“, порача Сандра.

Повеќе прочитајте на следниот линк:

Scroll to Top