Саша Ковачевиќ: Раскинував со девојките поради неверство

 

Поп-пејачот Саша Ковачевиќ со години важи за еден од најпопуларните пејачи во регионов. Сега веќе две години е во љубовна врска со Зорана Тасовац, поранешна мис на Војводина, и наводно планира да се жени. Тој за српските медиуми рекол дека досега многу пати бил изневерен од жените со кои бил во љубов. „Многупати досега бев изневерен. Во 90 проценти од случаите веројатно и не знам, но изневерував и јас и верувам дека во животите на сите нас тоа било присутно„, рекол пејачот за српски „Телеграф“ и открил дека секогаш кога бил со друга жена,  а бил во врска чувствувал грижа на совест.

„Не се чувствував убаво додека изневерував, поради тоа голем  број  долгогодишни врски ми завршија, но секој се учи на грешките“, рекол Саша.

Во интервју за „Репопрер“  Саша ни откри дека е многу љубоморен маж и дека не би можел да биде со некоја популарна жена во врска. Тој ни раскажа и за љубовта со Зорана, како таа реагира на жените околу него, кој кому е љубоморен и зошто долго време се криеле од јавноста додека биле во врска.

Саша Ковачевиќ: Јас сум љубоморен маж, не сакам позната жена

 

 

Scroll to Top