Саша Поповиќ проговори за посетата кај баба Ванѓа

Саша Поповиќ многу пати говореше за деновите во „Сладок грев“, кога тој прочуен југословенски бред хараше низ земјите во поранешна Југославија.

Но, бендот се распаднал, а Саша сега за прв пат откри некои работи кои ги доживеал, од кои, веројатно, најшокантна е таа која се однесува на посетата на баба Ванѓа.

„Како стигна војната, така ние се распаднавме. Прво ние се распаднавме, поради веќе познати работи. Ние бевме омилени, навистина, во сите делови на поранешна Југославија. Како во Македонија, така во Србија, Далмација… Едно време ништо не работевме и тогаш смислив како да егзистирам финансиски. Ја продадов колата, станот во Нови Сад, земав нешто што имав заштедено, и се ставив кај Дафина. И во 1993 година, се сеќавам на 10 март, пукна Дафина, пукна. Исчезна се“, вели Саша.

„Тешко е, но Бог кажал. „Ти ќе имаш, па ќе немаш, па пак ќе имаш“, додаде тој со насмевка.

Како што вели, профитот кој „Сладок грев“, со Брена го направи во годините во кои војуваа земјите од поранешна Југославија, е баснословен!

„Ние во 80-те години навистина многу заработувавме. Од тие 100 милиони, 50 отидоа на даноци, државата и така натаму, а 50 отидоа кај нас. Тогаш навистина имавме многу  пари. Не знаевме што да правиме со нив. Купувавме автомобили, трошевме, фрлавме… Мислевме тоа ќе биде вечно. Но, се случи тоа што се случи“, искрен беше Саша, а потоа ја спомена и баба Ванѓа.

Како што вели, Ванѓа предвидела распад на прочуената група и времето кога тоа ќе се случи.

„Бевме кај покојната Ванѓа. Точно е тоа што го кажа! Јас кога седнав пред неа, таа ми рече: „Симни ги очилата“. Јас и велам: „Не носам очила“, а таа вели: „Сега ќе те исфрлам надвор, симни ги очилата“, „Деца ова е прекрасно, ова е убаво, но вие следната година нема да постоите“. И тогаш ми го опиша целиот живот… Ај сега да не зборувам. Се ми кажа што ќе биде и како ќе биде, и се испадна точно… Дури и ме праша: „Сакаш ли да ти кажам кога ќе умреш?“, изјави Поповиќ.

„И ти сега се знаеш?“, го праша водителката.

„Да. И се ми се обистини, но пази во дланка! За пет минути ми го раскажа целиот живот и рече: „Добро памети што ќе ти кажам!“. Зборуваше половина српски, половина бугарски, поради тоа што таа е Струмичанка. Родена е таму, идеше во школо таму“, вели првиот човек на Гранд продукција.

 

Scroll to Top