Северина гушната со синот ја слави победата по 20 месеци тага и судски пекол

Хрватската поп-пејачка Северина (49) конечно доби старателство над синот Александар, кој последните 20 месеци живее со неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Таа објави фотографија на социјалните мрежи додека се гушка со својот син.

Во изјавата на Северина до тамошните медиуми се наведува дека пресудата говори за тоа дека никогаш не постоело причина да ѝ се одземе детето.

„Мрежата на уиграни поединци ми пружи 20 месеци тага и 8 години судски пекол. Знам дека не е готово, но знам и дека детето доаѓа дома. Битката е добиена и им благодарам на сите што се со мене, кои веруваа во системот и чесност“, се наведува во нејзината изјавата.

Веста за старателството потврди ја и адвокатот на пејачката, Мате Матиќ.

„Окружниот суд во Сплит одлучи да ѝ го врати детето на Северина. Беше одлучено детето да поминува половина време со мајката и половина со таткото, односно дека ќе имаат заедничко старателство над детето. Останува да видиме дали родителите ќе можат да се договорат или судот ќе ги прецизира деталите“, изјави Матиќ.

Тој додава дека не ја видел сè уште одлуката, но дека се исполнило нивното барање родителите да имаат еднакво старателство, со тоа што живеалиштето на детето ќе биде кај мајката.

За потсетување, Северина за време на настапот во Црна Гора пред публиката ја соопшти веста за добиеното старателство над синот.

„Се случуваат убави работи. Не можам да ви кажам за што точно се работи, но детето ми се врати дома. Ви благодарам на поддршката на сите, пееме насмеани, со солзи радосници“, рече таа.

По две години, Северина го доби старателството над синот

Scroll to Top