Северина ќе добие минималец од државата

Хрватската пејачка Северина се најде на списокот на луѓе и компании кои побараа државна помош, поради економската криза која настана како последица на коронавирусот.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, во понеделник треба да се објави целата листа на компании кои побарале исплата на минималец. Конечната листа броји 87.000 компании и самостојни професии со приближно околу 470.000 вработени. Како што дознава „Вечерни лист“, на списокот се наоѓа и името на Северина, која се води како самостојна професија.

На пејачката приходот и паднал за повеќе од 20%. Таа побарала помош од државата за исплата на плати ѝ е задоволна од основните услови за државна поддршка.

Засега не е позната која друга естрадна ѕвезда од Хрватска побарала помош, но Хрватска има околу 20.000 луѓе кои се регистрирани како даночни обврски со самостојни професии, па оваа можност не е исклучена.

Работодавачите за март ќе добијат, или веќе добиле 426 евра за секој пријавен работник. По заклучувањето на листата за март стигнале уште 5000 нови барања од оние кои се вклучиле од месец април, период кога државната помош се зголеми за 525 евра за плаќање за допринесите.

 

Scroll to Top