Северина повторно се смири со менаџерот

By

Пејачката Северина Коиќ викендов имаше настап во еден клуб во Сплит, каде што присуствуваше и нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ. По подолга пауза поради коронавирусот, таа го имаше својот прв настап.

„Толку време не пеев, што заборавив какво е чувството“, изјавила Северина на почетокот од концертот, а потоа го запеала својот познат хит „Бред Пит“.

Во публиката внимавнието го украде Петровиќ со кого Северина подолг период не беше во контакт. Сега таа повторно ја обнови соработката со него, пренесува хрватскиот портал „24 часа“.

Како што пренесува медиумот, двајцата успеале да ги решат сите проблеми и кавги што ги имале во периодот од една година. Петровиќ повторно стана еден од најблиските лица во животот на Северина.

„Кога ќе загубите некого што не ви е вреден за ништо, па ниту за да се разочарате од него, не ви паѓа толку тешко. Но, кога ќе загубите некој што ве сака, а вие ќе погрешите, тоа е најлошото. На пример, тоа е мојот Томислав, кој ако ми каже збогум, јас би била очајна“, изјавила Северина.

 

 

Ќе ви се допадне