Северина позитивна на корона

Пејачката Северина Којиќ на „Инстаграм“ објави дека е позитивна за коронавирус, а нејзиниот син Александар добил негативен тест.

„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна на Ковид-19, додека тестот на мојот син е негативен. По контакт со епидемиолог, ги преземав сите мерки, веднаш го известив таткото на детето, а во договор со него го предадов два дена пред назначениот датум, да ја помине самоизолацијата со него, без оглед на негативниот тест. Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизација на детето, побарав и од таткото дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појави веста дека сум заразена ‘откако сум се журкала по Далмација со детето’. Да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување затоа што нашиот прв тест беше негативен“, напиша Северина во објавата.

Scroll to Top