Северина ѝ се извини на сопругата на партнерот од јахтата, секс снимката и денес е болна тема за пејачката

Во интревјуто кое неодана го адде за хрватските медиуми, Северина Вучковиќ раскаж и за секс снимката која ја следи во текот на нејзината кариера, а поради која, како што вели, свесна е дека повредила некои луѓе.

Сепак, таа не мисли дека на некого му должи извинување, освен на сопругата и децата од партнерот на јахтата.

„Сакам да им порачам на младите девојки да бидат претпазливи и да внимаваат што прават. Свесна сум дека постојат три лица коишто ги повредив со тоа и сакам да им се извинам. Тоа се децата и сопругата на мојот партнер од тоа видео. Тие се единствените луѓе на кои треба да им се извинам“, изјавила Северина за H-alter и открила дека сака токму таа да биде која што со својот син ќе ги сподели своите грешки од младоста.

Таа додала дека е изненадувачки што од 2004 година до денес, никој не ги спомена страдањата на тие деца, а сите сега се многу заинтересирани за тоа како ќе го доживее нејзиниот син, кој не бил ниту роден во тоа време.

„Свесна сум дека мојот син ќе се сретне со ова во одреден момент од својот живот и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, самата ќе му кажам и би сакала тоа да го слушне од мене – истакнала Северина.

За потсетување, во 2004 година се појави приватно видео на Северина Вучковиќ и хрватскиот бизнисмен Милан Лучиќ.

Поради скандалот што изби во регионот, пејачката извесно време се повлече од јавноста, а честопати изјавуваше дека аферата толку многу ја погодила што побарала помош од психолог.

Северина: Милан ми се закануваше со ново порновидео, од стрес ослабев на 48 килограми

Scroll to Top