Северина се здебели во време на изолација

Хрватската пејачка Северина Којиќ се здебелила седум килограми во периодот на изолација. Таа вели дека успеала да качи некое кило благодарение на специјалитетите кои ги прави нејзината свекрва Олја Којиќ.

Пејачката веќе неколку недели живее во домот на својот сопруг Игор Којиќ во Белград и ќе остане тука сè додека трае вонредната состојба поради пандемијата со коронавирусот и границите се затворени.

Во Белград дојде да го види нејзиниот син Александар. Нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнимсен Милан Поповиќ не ѝ дозволува, па во тој период Северина на разни начини се обидува да си го разубави времето на себе и нејзините обожаватели на социјалните мрежи.

„Сите ми испраќате бројни срца кои навистина ми ја исполнуваат душата. Но, освен душтата, треба да се наполни и стомакот. На пример, јас еве се здебелив седум килограми, што е многу добра вест за мојата свекрва и за сите вас кои ми зборувате дека сум многу слаба“, напиша Северина и им објасни на фановите дека ако сакаат да ја одржат формата како неа, мораат нешто и да јадат.

„Мораме нешто да јадеме. Така, нахранета со вашата љубов и љубовта на семејството кое од неодамна ме трпи, се одлучив за нова рубрика која се вика „Тајните на кујната на свекрвата“. Денес ќе правиме пита со компири“, им напиша Северина на фановите.

 

Scroll to Top