Северина уапсена во Белград

Хрватската пејачка Северина вечерва е уапсена во Белград. Полицијата ја запрела на улицата „Партизански авијации“, без дозвола за движење во време на полициски час, пренесуваат повеќе српски медиуми. Настанот се случил околу 21.20 часот.

Пејачката била запрена во возило „бе-ем-ве“ со загребски регистарски таблички.

Според овие информации, Северина веднаш била однесена во полициската станица во Нов Белград на понатамошни испитувања.

Scroll to Top