Скараните Ана Бекута и Цеца по шест години се смирија

Ана Бекута откри зошто шест години била лута на Цеца Ражнатовиќ. Кога пред шест години прославила три децении кариера, нејзината колешка Цеца Ражнатовиќ не ја испочитувала и не се појавила на прославата. Поради тоа  настанало недоразбирање меѓу двете пејачки.

„Како што се вели, ние сме цивилизирани луѓе. Имавме едно недоразбирање. Во 2015 година прославив 30 години од мојата работа. Таа не се појави на таа моја забава и ми беше малку глупаво. До неа стигнаа гласови дека сум лута. Меѓутоа, се сретнавме по некое време и го исправивме тоа недоразбирање. Сега функционираме на најнормален начин“, рече Ана Бекута. Што се однесува до учеството на Цеца во „Ѕвездите на Гранд“,  таа вели: Цеца сè уште се прилагодува, јас би ѝ рекла да биде она што е. Ја знаеме во приватниот живот, ја познавам од 1988 година, кога прв пат се појави. Јас и Цеца се знаеме долго време, дури и интензивно се дружевме во еден период, вели Ана.

(Фото) Ана Бекута на 60 години има секс трипати на ден

Scroll to Top