„Со камен на пендрек, со пендрек на камен – ова не се две Србии“ – Цеца револтирана од протестите

Фолк-ѕвездата, Цеца Ражнатовиќ, е една од ретките која јавно го изрази својот револт од протестите што веќе неколку дена се одржуваат низ неколку градови во Србија. Таа објави слика на која болничар му го брише раскрвареното лице на полицаец, со порака дека во време кога короната убива, народот не смее да се дели, тепа, крши и уништува, туку достоинствено да го крене гласот.

„Ова не се две Србии! Ова е една единствена, наша Србија. Нè убива короната, ужаснати сме од насилството, шокирани сме од уривањето, срамни слики од нашата убава земја се објавуваат во светот! Со камен на пендрек, со пендрек на камен – не смееме тоа да го дозволиме! Треба да се заштитиме од короната, но очигледно и од нас самите! Не го уништувајте градот – срамота е! Поединци не ги напаѓајте новинарите и полицијата – срамота е! Поединци не ја срамете униформата – срамно е! Не ги повредувајте другите – срамно е! Секој мора да има право на свое мислење, без да загрози некого или да биде загрозен ! Да бидеме достоинствени и во несогласувањето, господ Бог да нè чува!“, напиша Цеца меѓу другото.

Scroll to Top