Денеска на неговиот гроб во Белград беше одржан помен по повод двегодишнината од неговата смрт. Прва стигнала неговата мајка, која го бакнала, а потоа го гушнала надгробниот споменик на својот син, пренесува српскиот сајт „Телеграф“.
Присутните не можеле да се воздржат да не заплачат по реакцијата на неговата мајка. Покрај колегите и блиските, тука била и неговата девојка Лана Секулиќ, која постојано плачела.
Поранешната сопруга на актерот, Дубравка Мијатовиќ, не дошла на поменот.
За потсетување, Маринко почина на 37-годишна возраст од рак на панкреас, кој му беше дијагностициран во 2015 година и беше итно опериран. Иако медиумите пишуваа дека актерот заздравува по операцијата, сепак, кратко потоа тој ја изгуби битката со болеста.