Сораја страда од биполарно нарушување

Српската старлета Сораја Вуќелиќ на „Инстаграм“ призна дека страда од биполарно пореметување. Ова е првпат таа да зборува отворено за нејзината здравствена состојба.

„Мразам што сум биполарна. Но научив да се носам со тоа и колку-толку да функционирам нормално“, напишала таа.

Подоцна Сораја ги избришала сите објави и коментари за нејзината состојба, пишуваат српските медиуми.

Биполарното пореметување е пореметување во расположението кое се крактеризира со манични епизоди и депресија. Тие се менуваат брзо една по друга, а се карактеризираат со губење на чувството за контрола и расположение. Најчесто почнуваат постепено и ако не се зема терапија, лицето да не може да го контриолира своето однесување. Подеднакво ги погодува и мажите и жените, а во светот од неа боледуваат околу 60 милиони луѓе. Неодамна Селена Гомез откри дека и таа има биполарно нарушување.

Scroll to Top