Српски музички менаџер почина од корона

Познатиот српски менаџер Бор Лалевиќ (39) почина од корона. Тој последните неколку дена бил приклучен на респиратори, во тешка состојба, а бил примен со воспаление на белите дробови. Лалевиќ зад себе ја остави сопругата Ивана.

Тој соработуваше со многу пејачи меѓу кои Ацо Пејовиќ, Лексингтон бенд, Милица Тодоровиќ и други. Бор е познат и по организирањето концерти во соседството преку неговата продуцентска куќа „Карамад“.

Од познатиот менаџер се простија и босанските музичари Јала Брат и Буба Корели. Тие преку „Инстаграм“ му посакаа „мирно да спие“, а новинарот Немања Вујичиќ напиша дека се надева дека Бор патува со ангелите и е на подобро место.

Scroll to Top