Тања Савиќ ангажираше тим на адвокати за да си ги врати синовите

Пејачката Тања Савиќ ангажираше тим на адвокати кои треба да и помогнат да си ги врати синовите, пишуваат српските медиуми. Таа со месеци се обидува да си ги врати синовите, кои и ги зема нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ и ги однесе во Австралија.

Иако на почетокот таа не сакаше јавно да зборува за сето тоа што ѝ се случува, таа призна дека секојдневно пати затоа што не може да си ги види децата. Пејачката вели дека наскоро планира да покрена и развод.

„Тања ми кажа дека веќе ангажирала адвокатски тим, за кој се надева дека ќе ѝ помогне околу децата, но и разводот. Таа веќе зборуваше со нив за првите чекори кои треба да ги направи и опциите кои и преостануваат. Доколку е потребно, таа ќе замине и во Австралија. Подготвена е и на такво нешто, само за да ја истера правдата“, открива ивзор близок до пејачката.

„Тања засега работите ги држи во тајност, затоа што нејзиниот сопруг Душан ги следи српските медиуми и ги предвидува сите нејзини чекори. Бесен е што таа ја изнесе вистината во јавност, а сега стана уште поригорозен по прашањето за нејзин контакт со синовите. Најмногу се изнервира затоа што Тања откри дека тој е во Авсстралија, кога таа се одрече од децата за да добива социјална помош од 3000 долари месечно. Адвокатите се уверени дека Тања брзо и лесно ќе докаже дека тоа не е точно и дека тој без нејзина дозвола ги однел децата. Но, додека процесот, кој може долго да трае, не заврши, децата сигурно ќе останат кај него“, додал изворот.

Тој вели дека никој од луѓето кои ги познава преку Душан во Австралија, не одговара на нејзините повици.

 

 

Scroll to Top