Тања Савиќ го пријавила сопругот за семејно насилство

Фолк-пејачката Тања Савиќ го пријавила сопругот Душан во полиција за семејно насилство, пишуваат српските медиуми. Откако наводно, имале голема расправија, таа го напуштила нивниот заеднички дом и отишла кај родителите во Смедерево. Децата останале со маж ѝ. Но, кога Тања се вратила во Белград, станот бил празен. Тогаш пејачката, наводно, викнала полиција и го пријавила Душан за физичко и психичко малтретирање.

Савиќ за медиумите потврди дека се наоѓа кај нејзините родители, но рекла и дека натписите немаат врска со тоа што навистина се случило.

„Сосетката ме повика да ми каже дека станот во Белград ни е ограбен, бидејќи неколку дена сум кај моите во Смедерево. Тоа е вистината и засега не можам ништо повеќе да кажам. Украдени се моите и пасошите на децата од местото каде што ги оставив. Ќе им оставам на припадниците на полицијата да ја работат својата работа“, рекла таа за српски Телеграф.

Савиќ, сепак не сакала да коментира дали го пријавила сопругот во полиција, а не одговорила ни дали се децата со него или со неа.

Scroll to Top