Во едно скорешно интервју фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ откри дека ѝ се допаѓа Богдана Родиќ, свршеницата на синот Вељко. Цеца рекла дека таа и Богдана се согласуваат одлично.
„Таа е атрактивна и убава девојка, но најубави на неа се нејзината душа и нејзиното воспитување“, рекла Цеца. Таа и Богдана често одат заедно на бокс-борбите на Вељко. „Тоа е огромен стрес за мене. Незамисливо ми е да седам во публика и мирно да ги гледам неговите мечеви. Кога сè ќе заврши, Богдана, која секогаш го следи, ми пушта снимка ако не сум таму“, рекла Цеца.
Пејачката рекла дека отсекогаш им дозволувала на децата сами да си ги избираат момчињата, односно девојките.
„Не се мешам, како што моите родители не се мешаа во моите избори. Можеби сакале, но никогаш отворено тоа не го покажувале, туку ги почитувале моите желби. И јас се поставував на ист начин“, рекла пејачката.