Уапсена актерката Алисон Мек, како дел од сектата каде завршила и внуката на Јелисавета Караѓорѓевиќ

Американската актерка Алисон Мек, позната по улогата во серијата „Смолвил“ е уапсена поради врбување на девојки во опасна секта во чии канџи упаднала и внуката на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ.

Алисон Мек е наведена како десна рака на самонаречениот гуру и основач на сектата Нексиум (Nxivm) Кит Раниер (27) кој ги присилувал девојките на секс.

Во канџите на оваа злогласна секта завршила и Индија (26), внуката на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ. Претходно се криел во Мексико каде бил уапсен во март оваа година. Сега е уапсена актерката која регрутирала девојки за него.

Тој дури и како стока ги жигосувал девојките со иницијалите од неговото име.

Алисон е обвинета за криумчирање на луѓе за секс, се наведува во обвинението, а пред судот во Бруклин каде е сослушана во петокот, таа изјавила дека не се чувствува за виновна.

Таа е обвинета за регрутирање на девојки во тајното друштво, кое им било претставено како програма за самопомош.

Во сектата имало, како што се наведува во обвинението, повеќе од 50 девојки, кои, покрај крутото жигосување, биле присилувани на многу ригорозни диети за да ослабат, како и на секс.

По стапувањето во сектата, девојките биле обврзани да ги достават сите информации за членовите на семејството и пријателите, свои голи фотографии и правото на пристап на нивните имоти, нешто во што биле спречени сите оние кои добиле желба да си заминат, е навело обвинителството.

Scroll to Top