„Важно е човек да се издигне од дното“, Ана Николиќ за борбата со депресијата и вишокот килограми

Пејачката Ана Николиќ на социјалните мрежи објасни за борбата што ја водела со депресијата и вишокот килограми. Таа напиша дека на крајот е важно човек да се издигне и да излезе како победник од целата ситуација.

Николиќ во период од неколку месеци ослабна повеќе од 50 килограми и сега вели дека сака да упати порака  на своите фанови кои се соочиле со сличен проблем.

Таа вели дека дошла до точка кога се одлучила да ги земе работите во свои раце и да поработи на својата килажа.

„На врвот секогаш има место ако се почне од дното. Не е важно колку пати си паднал, туку колку пати ќе станеш. Да станам секогаш знаев, дури и кога паѓав. Тоа не е мала работа“, напиша Николиќ на фотографијата.
Имало некои од пријателите кои коментираа дека претерала со килажата.
„Треба да се знае границата. Ако сакаш да изгубиш килограми поради здравјето, тогаш е океј, но ако се претвориш во костур, тогаш не е добро“, ѝ напишал еден обожавател.
Ана поради дебелината се борела и со депресијата, а постојано следење на папараците влијаело и на нејзиното психичко здравје.
„Се обидов неколку пати да ја уништам Ана Николиќ. Ме нервираше. Не сакав повеќе да бидам Ана Николиќ. Повеќе пати бев падната на дното. Посакував да ја нема, да не постојам“, ја објасни својата состојба пред неколку месеци за медиумите Ана Николиќ.
Scroll to Top