(Видео) Анастасија Ражнатовиќ како гејша промовира нова песна

Анастасира, ќерката на српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, објави видео-тизер за новата песна „Те сакам“. Во краткото видео Анастасија е облечена во црвен фустан како гејша. Таа најави дека песната и видеото ќе ги промовира утре, 24 март. Песната е дел од нејзиниот деби албум што го снима во Скопје со Дарко Димитров.

„Драги мои, задоволство ми е што ја објавив најавата за мојата нова песна и спот“, напиша Анастасија на „Инстаграм“.

Ова е четврта песна на младата пејачка. Таа сите свои претходни песни ги сними во студиото на Дарко.

Scroll to Top