(Видео) Девојка со Даунов синдром запеа на концерт со Петар Грашо

Ана Јозиќ, девојка со Даунов синдром, запеа на концертот на Петар Грашо во Примоштен и си го исполни сонот да пее со познатиот хрватски пејач. Таа со Грашо ја испеа песната „Фритула“.

Ана е член здружението „Даунов синдром 21“ и таму постојано вежба во работилниците за музика и танц, пренесоа хрватските медиуми. Пишуваат и дека здружението редовно работи со деца со музички терапевт, а меѓу нив е и Ана, која редовно посетува часови. Музиката многу им помогнала на членовите на здружението, а некои штитеници научиле да зборуваат благодарение на музиката, стои во натписот на „Далматински портал“.

Scroll to Top