(Видео) И Ѓоковиќ со домашна фризура

Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ ѝ дозволи на сопругата Јелена да го среди и да му ја скрати косата додека се во изолација.

Ѓоковиќ, кој нема загубено тениски меч оваа сезона пред прекинувањето на истата поради корона вирусот, сега е во изолација во Марбелја во Шпанија, и во време кога одењето на бербер не е препорачливо, тој ѝ дозволи на Јелена да го среди.

„Од пештерски човек до мојот човек. Во ова вонредно време човек ќе научи сешто“, напиша Јелена на својот  „Инстаграм“ профил, кој неодамна доби „беџ“ за „лажни вести“ откако таа сподели линк за поврзаноста на корона вирусот со 5Г телефонските мрежи.

Scroll to Top