(Видео) Јелена Ѓоковиќ со контроверзна снимка за коронавирус

 

Сопругата на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ – Јелена, на својот Инстаграм профил објави контроверзно видео за појавата и пандемијата на коронавирусот.

Видеото трае малку повеќе од десет минути, а Јелена ги замоли нејзините следбеници да пишуваат во коментарите што мислат за сето ова.

„ Толку многу видеа кружат со денови, различни теории за причините за коронавирусот, методите на лекување, превенција. Еве едно што го добив пред некој ден. Контроверзно или не, може секој што има време да гопогледне. Се прашувам што мислите“, напиша таа до клипот што го постави.

https://www.instagram.com/p/B-c3GrrDoPT/

Scroll to Top