(Видео) Јована ја расплака Лепа Брена во емисија во живо

Српската водителка Јована Јоксимовиќ ја расплака пејачката Лепа Брена откако во емисија и ја пушти снимката од луѓето кои на своите балкони ја пејат нејзината песна „Коловоџа“.

Пејачката се вклучи во живо во нејзината емисија „Утро“, во која разговарале за моменталната ситуација и пандемијата со коронавирусот кој се шири низ целиот свет.

Откако ги слушна како пејат, Брена заплака во програмата која се емитуваше во живо.

„Реагирам претерано човечки и емотивно. Целиот свет никогаш не се нашол на колена. Често ми се плаче. Боже, каде најдов сега да плачам среде емисија“, изјавила Брена.

Подоцна луѓето на социјалните мрежи коментираат дека луѓето на снимката не ја пееле нејзината песна, туку ѕвукот е монтиран на видеото, а во позадина се слушаат Италијани кои ја пејат песната „Макарена“.

Лепа Брена, како и голем број музичари, на социјалните мрежи направи мини концерти со своите соработници, за да ги забавува нејзините обожаватели во овие тешки моменти додека се затворени во своите домови.

„Мојот бенд има семејства и настојувам да работам заради нив. Немам ја потреба за да правам многу концерти. За првпат во кариерата ми се случува да не работам месец дена. Сакам да дадам мал допринес и да ѝ покажам на публиката дека можеме да пееме без разлика на целата ситуација“, изјавила Брена.

Брена вели дека нема приходи само од музиката, туку дека пари доаѓаат и од нејзиниот сопруг Слободан Бобо Живоиновиќ, а таа вложила и во други дејности. Финансиската ситуација не ѝ е толку загрозена, како на другите музичари.

„Коронавирусот сите не фрли на колена. Целата планета се загрижи за својот опстанок. Ова е голема здравствена епидемија и не бриа нација ни возраст“, кажа пејачката, која вели дека се придржува на мерките на заштита.

Scroll to Top