(Видео) Милан Калиниќ ѝ се врати на старата љубов

Српскиот водител Милан Калиниќ ѝ се врати на старата љубов, летањето. Тој обајви снимка од еден од неговите часови, а од екипата со кого леташе, доби аплауз за одлично завршената работа.

Милан сакаше да го долови секој момент од летањето.

„Одиме. Девојки се надевам дека уживавте во ова возење“, викна тој и доби аплауз, откако ги спушти тркалата и слета како вистински професионалец.

„И понатаму слетувам како на душек. Фала што ми ја вративте најголемата љубов и фала им на најшармантните и најдуховити девојки, Сара и Дуња за убавиот ден“, напиша тој на „Инстаграм“.

Глумецот призна и дека аплаузот кој го добил за летањето му е подраг од оној во театрите.

 

Scroll to Top