(Видео) Музичкиот менаџер Бор Лалевиќ погребан со факели и навивачка песна

Српскиот естраден менаџер Бор Лалевиќ (39), кој почина од корона, беше погребан со факели и навивачка песна. Видео од погребот, на кој присуствуваа стотици луѓе, објави фолк-пејачот Саша Матиќ на Инстаграм.

Лалевиќ неколку дена пред смртта бил приклучен на респиратори, во тешка состојба, а бил примен со воспаление на белите дробови. Зад себе ја остави сопругата Ивана.

Лалевиќ со години соработуваше со пејачите Ацо Пејовиќ, Милица Тодоровиќ, Саша Матиќ, а последните две години беше менаџер и на „Лексингтон бенд“. Тој со својата продукција „Карамад“ организирал бројни концерти во соседството.

https://www.instagram.com/p/CCoSz5eHRQr/

 

 

Scroll to Top