(Видео) Натпреварувач на „Гранд“ како Џејсон Момоа, покажа мускули на сцена

Жарко Маџиќ кој се натпреварува во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, стана миленик на женската публика откако на последниот настап ја соблече јакната на сцена и ги покажа мускулите на рацете. Веднаш реагираше Јелена Карлеуша: „Леле мајко мила, што е ова“, извика таа. Медиумите од тој момент го нарекуваат „српскиот Џејсон Момоа“ и го ставија на листата најголеми заводници во „Гранд“.

Жарко, чиј ментор е Ѓорѓе Давид, од 16 години активно тренира одбојка и оди во теретана.

„Моментално се трудам да одам на тренинг пет пати неделно, а за викенд да бидам слободен и добро да одморам. Отсекогаш сакав да ја пуштам косата и пред три години се одлучив за тоа. Не сум тип кој сака да трча, повеќе сакам да правам вежби со тежини“, откри Жарко за „Гранд онлајн“.

Тој помина во третиот круг и го продолжува натпреварувањето од есен.

Scroll to Top