(Видео) Обиена куќата на синот на Синан Сакиќ

By

Синот на Синан Сакиќ, Елвис Сакиќ, доживеал вистински шок, кога рано утрово, враќајќи се од град, видел дека куќата му е обиена!

Неговата сопруга, Сабина Сакиќ ги потврдила ваквите сознанија.

„Вистина е. Тоа е куќата на мојот син во Лозница. Ние вчера се вративме од Тајланд, во Белград сме. Тоа е само неговата куќа, до нашата куќа. Имаше полиција, земаа отпечатоци“, изјавила Сабина.

Новинарите стапиле во контакт и со синот на Синан, Елвис, кој раскажал што затекнал во куќата кога се вратил од градот.

„Вистина е. Тоа се случи околу 19 часот. Утрово приситгнав од град и ја забележав обиената врата. Што е најлошо, камерите снимиле се, ништо не скршиле. Ги змеале часовниците, пијалоците, некои парфеми, дури и шампањот, торбите, јакната и уште некои работи. Се е пријавено во полиција, ќе дознаеме кој го направил тоа“, изјавил Елвис Сакиќ, кој во семејната куќа во Лозница живеел сам.

„Во 19:10 влегле, а во 19:11 излегле. Се гледа дека знаеле што прават“, вели Елвис и порачал дека брзо ќе дознае кој е во прашање.

Неговата мајка објавила и снимка на која се забележани, а напишала и порака:

„Би ги замолила пријателите, ако ги препознаат овие лица, веднаш да ни ги кажат имињата“.

Пред неколку дена обиена беше вилата на Саша Поповиќ, а грабежот исто така се случил кога во куќата немало никого. Повеќе детали за тоа прочитајте на следните линк 1, линк 2 и линк 3:

 

Ќе ви се допадне