(Видео) Почна снимање на второто продолжение за филмот „Јужни ветар 2“ 

Во Књазевац почна снимањето на продолжението на најгледаниот српски филм „Јужни ветар 2“. Хитот од кината чиј прв дел го изгледале повеќе од милион ипол гледачи во своето продолжение ќе го носи името „Забрзување“, и овој пат повторно на сценариото се потпишуваат Петар Михаиловиќ, како и режисерот Милош Аврамовиќ.

Невообичаената конференција за медиумите била одржана со строго почитување на сите епидемиолошки мерки, актерите Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ и режисерот Милош Аврамовиќ одговарале на прашањата испратени од медиумите. Погледнете што нè очекува во продолжението на најгледната сага во последните 20 години.

Scroll to Top