(Видео) Празната пулска Арена беше најпосетен концерт на Стјепан Хаузер од 2Cellos

Хрватскиот виолончелистот Стјепан Хаусер, кој некогаш свиреше во 2Cellos, одржа емотивен концерт во празната Арена во Пула. Kонцертот „Сами, заедно“, популарниот музичар го посвети на сите лица кои помагаат во борбата со коронавирусот.

„Парадоксално е што првпат свирам во празната Арена, но никогаш пред повеќе публика бидејќи концертот виртуелно го следеше публиката од целиот свет. Го чувствував присуството на сите тие силни души од целиот свет и некако беше и потресно“, изјави Хаузер по концертот.

Стјепан овојпат избра да свири само класична музика, парчиња од Пучини, Бах и неколку други композитори.

Scroll to Top