(Видео) Пријателите снимија песна за Маринко Маџгаљ: Никогаш нема да те заборавиме

Четири години по смртта на глумецот Маринко Маџгаљ, неговите пријатели ја снимија песната „Животот е лотарија“ и испратија порака дека никогаш нема да го заборават. Песната ја напиша неговиот најдобар пријател, водителот Огњен Амиџиќ, со кого Маџгаљ ја имаше групата „Фламингоси“.

Освен Амиџиќ, во песната се појавуваат и нивните заеднички пријатели: Андрија Милошевиќ, Слобода Миќаловиќ, Александар Среќковиќ Кубура, Милена Васиќ, Игор Дамњановиќ, Тамара Крцуновиќ, Јелена Ступљанин, Марко Кон.

За потсетување, српскиот глумец почина на 26 март 2016 година од рак. Играше во неколку белградски театри, а се прослави со улогите во сериите „Црниот Грујо“, „Ранетиот орел“, „Гревот на нејзината мајка“… Тој беше подеднакво популарен и како пејач, а со „Фламингоси“ победи и на „Беовизија“, со песната „Луди летњи плес“, но таа година Србија не настапи на Евросонг.

Scroll to Top