(ВИДЕО) Рада жестоко удри по Небојша за нападот на Цеца – Го спомена дури и починатиот Бате Живојиновиќ

By
По интервјуто и силните зборови на српскиот актер на сметка на естрадата, Рада Манојловиќ, прилично на остар начин го даде своето мислење.

Интервјуто на Небојша Глоговац, за босанскиот магазин „Dani“ во целиот регион, предизвика огромно внимание, а меѓу пејачките настана вистинско негодување.

Споменатото интервју покрена лавина коментари, што на социјалните мрежи, што на порталите, што усмено меѓу луѓето, најмногу поради тоа што Небојша го изнесе својот став за Цеца Ражнатовиќ, и за тоа што таа претставува за народот.

 

Да потсетиме Небојша го изјави ова:

„Оваа личност е последица на повеќедецениско, константно бомбардирање на општеството, со невкус и неморал“, изјави Небоша Глоговац.Во интервјуто за босанскиот магазин „Дани“, Небојша Глоговац, зборуваше за улогата на Хамлет во претставата на Александар Поповски, во Југословенскиот драмски театар, и во таа прилика ја спомена Цеца Ражнатовиќ, но и Дара Бубамара.

Имавме неверојатна среќа што до нас, по толку време, стигна генијалната Шекспирова драма. Баш, така претпоставувам, за сто и кусур години генерации, ќе имаат среќа да до нив, наместо свирки од некој талентиран клинец, кој на клавир денеска го свири Рахманјновиц, ќе дојде Цеца. Затоа што Цеца е Шекспир на денешницата“, изјави Глоговац, кој на констатацијата на новинарката Тамара Никчевиќ, настаните подредени на овој начин, делуваат депримирачки, тој одговори:

„Не, не е депримирачки… Тоа е реалноста: Еден куп слики кои во изминатите децении доминантно експлоатирани. Како од медиумите, така од државите и политичарите. Цеца е симбол на времето, јунак на нашата доба. Таа е српска мајка, еј!

 

Не и требаше долго – Откако ја „стави во уста“ Небојша, Дара Бубамара се насмеа и му одговори на прозивките

Пукна од маки! – Луѓето му одговорија на Глоговац за нападите на Цеца

 

На прашањето што тоа значи, познатиот актер одговори:

„Не знам. Само знам дека таа гинекологија е многу интересна. Мжеби има тука и некои масовно силување, а, па оттука „српска мајка?“. Или станува збор за нешто друго? Кој знае?! Сепак, повторувам: Таа личност е последица на повеќедецениско константно бомбардирање на општеството, со кич, невкус, неморал. Истовремено, станува збор за чиста незаинтересираност на секоја власт да промовира крупни и сериозни содржини. Зошто? Веројатно затоа што знаат дека човекот кој живее во вакви системи, после тешкиот и напоред ден, полесно му е кога ќе се врати дома, да пушти некоја како неа, наместо да го слуша Бетовен… Можете ли во некоја друга држава, таканаречен регион да замислите богат доктор на науки, инжинери, научници, уметници? Можете ли?! Покажете му на човекoт кој и на малиот прст го има целото знаење на овој свет, а кој од својата плата овде може да живее живот за достоен човек. Па, го нема! Нема таков.

Луѓето со знаење и талент овде воглавно немаат пари. Наместо да се занимаваат со својата работа, докторите на науки со допломи кои не се купени или украдени денеска, работат како кондуктери, како таксисти, продавачи… или препродаваат телевизори. Капитало се слива на другата страна.

 

По тоа каде и кај кого иде парата, лесно можете да заклучите во какво општество живееме, за кои вредности се залагаме, што се цени. А се цени Дара Бубамара, јеб*га! Таа може да ја наполни која сака сала, кога и да посака! И полна е со пари! Веројатно има некои дополнителни активности, но, боже мој. Ова е свет на силиконски ци**и, и зад**цу“, заклучува Небојша Глоговац.

Рада Манојловиќ се соблече во танга, па објасни зошто има најдобар задник во цел „Гранд“

По спорното интервју, одговорот за Глогвац даде и Дара Бубамара, која Небојша го спомена, а потоа на истата тема прозбори и Рада Манојловиќ. Причината е таа што таа веќе неколку години е една од најактивните и најпопуларни пејачки во Србија, и е меѓу првите на кои се помислува кога ќе се каже „естрада“.

Рада го изнесе искрениот став, кој повеќето актери кои ја критикуваат естрадата, сигурно нема да им се допадне.

„Како тоа сме глумци? Никогаш спортисти, постојат веројатно и други професии во оваа земја освен глумци. Некако на нив најмногу им сметаат пејачките, фолк пејачките особено. И самата су се сретнала со актери, „големи ѕвезди“… кои, онака имаат став кон нас како да сме ние пониска раса. Не знам зошто е тоа така. Што би требало да каже Шабан Шаулиќ, или Лепа Лукиќ, за сите ние кои не пееме како Шабан и Лепа?“, почна Рада.

На прашањето да ја прокоментира изјавата на Небојша дека „Цеца е Шексипр на днеешницата“, Рада не бегаше од одговорот.

„Пазарот ја одредува побарувачката и цената. Јас исто така можам да седнам и да се бунам што некој кој можеби не знае да пее – пее и чини можеби повеќе од мене, Цеца… Но, акој тој некој помине на пазарот, ако луѓето масовно ги купуваат картите за неговиот концерт, јас само можам да видам што тој некој работи подобро од мене, па да научам нешто, да се снајдам во светот кој е многу суров.

На прашањето какво е нејзиното мислење за Небојша и актерите, Рада искрено одговори, па го спомена и покојниот Бата Живојиновиќ.

„Супер, но фактот е дека имаат нешто против нас. Јас само можам да кажам дека мене ме обожаваше, и дека бев омилена пејачка на покојниот Бате Живојиновиќ, така да тоа е мојот коментар на целата приказна. Бев кај него во куќата, и ја поздравувам оваа прилика госпоѓа Лулу и целото нејзино семејство. Ако за нив бев добра, понатаму ништо не би коментирала“, заклучи Рада со широка насмевка.

 

 

Видеото погледнете го на следниот линк:

Ќе ви се допадне

Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 (https://animeplanet.cc/m/mP7g) Episode 13 at website https://animeplanet.cc attack on titan anime planet

The Irregular at Magic High School Episode 26 at website https://kissanimeonline.com kissanime your name