(Видео) Саша Ковачевиќ одржа концерт на празен плоштад во Белград

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ одржа концерт без публика пред градското собрание на Белград.

Ковачевиќ свиреше на пијано, а останатите учесници на концертот ја задржаа пропишаната дистанца. Ова е вториот е во серијата концерти организирани како дел од кампањата ,,Белград победува’.

Пред концертот, пејачот испрати порака на Инстаграм.

„Сакам сите што го гледаат и слушаат мојот сакан бенд и мојата маленкост за време на полицискиот час во петок, да ги растераат мрачните мисли и да ги споделат со нас најубавите чувства преку песната. Верувам дека позитивната енергија искажана преку музиката го закрепнува телото и духот. Сакам да пееме заедно и гласно за здравствените работници, со намера да ни стигнат што побргу подобри и безгрижни денови со повеќе поводи за дружење “, напиша тој.

Scroll to Top