(Видео) Сузана Манчиќ : Во изолација мора сама да си ја мијам и косата

Познатата водителка Сузана Манчиќ покажа како изгледа нејзиното секојдневие додек е вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот.

– Што правам? Пеглам! Што правев претходно? Ја миев косата сама! Нема фризер. Нема помош во домот, ја нема мојата Жаклина. Готвам, перам, пеглам, излегов од комфорната зона. Што се мора, не е тешко – изјави Сузана.

– Не излегувам без потреба. Евентуално да го прошетам кучето. Тоа е тоа. Бидете дисциплинирани, чувајте го својот живот и животот на своите најблиски – додаде таа, покренувајќи лавина коментари на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top